Десетина македонски ИТ-компании развиле успешни продукти што ги продаваат на странските пазари, што се смета за нова димензија на домашниот софтверски пазар, покажуваат анализите на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство ФИНКИ. Тоа е резултат на добрата мрежна ИКТ-инфраструктура, кадарот што излегува од ИКТ-факултетите и искуството на фирмите, што е предуслов за поголем развој и на софтверскиот дел од македонскиот пазар со поголема додадена - Од ФИНКИ и од останатите факултети што се занимават со ИТ во принцип излегуваат прилични квалитетни кадри на чија основа се темели растот на ИТ-индустријата, особено во делот на развој на софтвер во кој има голем број мали и средни компании кои на концептот "аутсорсинг" развиваат софтвер за надвор.
Десетина македонски ИТ-компании развиле успешни продукти што ги продаваат на странските пазари, што се смета за нова димензија на домашниот софтверски пазар, покажуваат анализите на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство ФИНКИ.
Тоа е резултат на добрата мрежна ИКТ-инфраструктура, кадарот што излегува од ИКТ-факултетите и искуството на фирмите, што е предуслов за поголем развој и на софтверскиот дел од македонскиот пазар со поголема додадена - Од ФИНКИ и од останатите факултети што се занимават со ИТ во принцип излегуваат прилични квалитетни кадри на чија основа се темели растот на ИТ-индустријата, особено во делот на развој на софтвер во кој има голем број мали и средни компании кои на концептот "аутсорсинг" развиваат софтвер за надвор. Тоа е сосема нова димензија на развојот на македонскиот софтверски пазар бидејќи станува збор за продукти што се успешни на светско ниво. На пример, има продукти кои имаат 500.000 корисници и тоа се веќе сосема други димензии на развојот на софтверската индустрија. Во изминатите десет години внатре во фирмите покрај едукацијата се собра доста искуство и знаење кое поприлично добро ни дава некоја позиција да можеме да успееме на светските пазари - укажува деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.
Горан Попоски од ИКТ-комората МАСИТ, нагласува дека во идниот развој е особено значајно развивањето локална вредност, а треба да се има предвид и фактот оти големината на пазарот го движи бизнисот.
- Прво треба да се насочиме тука, да развиваме локална вредност, апликативен софтвер, адопција на мултискрин решенија прилагодени за македонскиот пазар и пошироко. Не е само во прашањето каде сме насочени туку колкав е и пазарот во кој се наоѓаме, бидејќи големината на пазарот го движи бизнисот. Ако локално не ги предизвикаме големите компании да дојдат тука, тие нема да дојдат - изјави Попоски.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски истакнува дека владините политики се максимално насочени кон поддршка на ИТ-секторот, чие учество со 4% во БДП е многу повеќе од голем број европски развиени земји.
- Постојано во соработка со академската заедница преземаме активности да се развијат што повеќе млади умови во областа на ИКТ, затоа што додадената вредност на производот што се прави од информатичкото општество конкретно една софтверска апликација нема граници. Тоа може да се види преку голем број пример, како еден Скајп, Јаху, Гугл, софтверска апликација што пред се има огромна моќ со нови вработувања, бруто пораст на економијата во државата каде е креирана. Ќе продолжиме да се движиме во таа насока со политиките кои ги креира Владата и МИОА - посочува Ивановски.